РЕЧНИК НА ТЕРМИНИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ НА БИОМАСА

Испарувања

Испарливи компоненти на огревот, коишто можат да се претворат во гасови при прилично ниски температури.

Летечка пепел

Пепелта што се пренесува преку комората за согорување, со топлите издувни гасови, и обично се депонира во пасажот на разменувачот на топлина на котелот.

Нечист огрев

Огрев од биомаса произведен со мелење на разни видови на дрво и на кора, потенцијално измешани со струготини. Често се однесува на различен нискоквалитетен огрев. Ако се произведе од чисти, високо квалитетни суви остатоци, овој огрев може да биде и висококвалитетен.

Огрев од зелена биомаса

Огрев од биомаса, којшто не е значително исушен, со приближно иста содржина на влага како и при собирањето на материјалот за биомаса.

Остатоци од културите

Остатоци добиени од полјоделски култури, како што се житариците со мало зрно (пченица, јачмен, овес, 'рж и ориз), пченка и маслодајни култури (сончоглед и семе од репка). Овие остатоци се инкорпорираат во почвата, се палат на полето или се собираат и се употребуваат за разни намени (на пример, за добиточна храна, за постелни работи или за одгледување на печурки).

Пепел од дното

Пепелта што се собира под решетките на печката при согорувањето.

Печка

Примарната комора за согорување на горилникот на биомаса. Терминот, исто така, се однесува и на уреди за греење со топол воздух. Гасификација: Реакција при пиролизата, со којашто загреаната биомаса се претвора во запаливи гасови во зоната на примарното согорување. Исто така, се однесува и на конверзијата на ќумур во запаливи гасови, во отсуство на кислород, како и на целокупниот процес на конвертирање на биомасата, во средина без кислород, во запаливи гасови со средна содржина на Вtu, коишто не се горат веднаш, туку се ладат и чистат за да може да се користат на различни начини.

Потрошувачка на топлина

Вкупната годишна количина на топлина, којашто еден објект ја побарува. Може да се изрази во енергетска единица (kWh) или единици за гориво (тони биомаса).

Разменувач на топлина

Уред што ја пренесува топлината од еден млаз на течност во друг. Најчестиот разменувач на топлина во системите за согорување на биомаса е котелот, којшто ја пренесува топлината од врелите гасови, што согоруваат во водата на котелот.

Согорување на јаглеродот

Крајот на процесот на согорување, во којшто сиот неокомбиниран јаглерод во гасовита и цврста состојба, оксидира во јаглерод диоксид.

Средство за пренос на топлина

Течност (вода, пареа или воздух) којашто пренесува топлина од системот за согорување до местото на употреба.

Партнери