РЕЧНИК НА ТЕРМИНИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ НА БИОМАСА

Арборкултурни остатоци

Гранки од дрва (како што е јаболката, маслинката и крушката) и виновата лоза од лозовите насади.

Биогас

Гас произведен од биомаса. Може да се користи како гориво за согорување.

Биомаса

Секоја органска материја, којашто со горење може да се искористи за енергија. Тука се користи како синоним за дрво, во различни форми.

Вишок на воздух

Количината на воздухот потребна за согорување, којашто се води до огнот, а којашто го надминува теоретски потребниот воздух, за да се добие целосно согорување. Изразено е во проценти.

Воздух над огнот

Воздух од согорувањето, којшто се испорачува над решетките и подлогата за огрев. Исто така, се нарекува и секундарен воздух за согорување.

Воздух под огнот

Воздух за согорување што се додава под решетките. Служи за сушење на огревот, за ладење на решетките и за снабдување со кислород на реакциите на пиролиза.

Далечинско греење

Употреба на еден котел, поставен за да се обезбеди топла вода или пареа за греење на повеќе објекти на дадена локација.

Димензионирање

Процес на одредување на големината на топланата.

Дневна корпа

Привремена корпа за складирање на цврсто гориво,во којашто се става огрев во количина да трае приближно еден ден. Може да биде дизајнирана со капацитет за да го храни системот за согорување за време на викендот.

Дрвен чипс

Мали правоаголни парчиња од дрво произведени во машина за ситнење на парчиња дрво или на цели дрва.

Дрво надвор од шумата

Вклучува дрва надвор од шумите, како што се дрва на друго шумско земјиште, вклучувајќи ги населбите, по должината на патиштата и во други инфраструктурни области, фарми и живи огради.

ДХВ (DHW):

Домашна врела вода.

Емисии на гасови од оџакот

Компонентите на жешките гасови од согорувањето (вклучувајќи ги и честичките) кои излегуваат од оџакот.

Ефикасност на грејните тела

Односот меѓу излезната и влезната енергија, кога системот за согорување работи под условите на проектирање. Исто така, се нарекува и стабилна состојба на ефикасност.

Калориска вредност

Енергетската содржина на горивото, изразена во единици како што е џули по килограм.

Комбинирана топлина и моќност (CHP)

Истовремено производство на топлинска и електрична енергија од еден вид на огрев.

Компанија за енергетски услуги (ESCO)

Компанија која обезбедува широк спектар на енергетски услуги за одреден сопственик на зграда, обично вклучува и финансирање и инсталирање на енергетското подобрување, според договор којшто овозможува, дел од заштедените долари да се префрлат на компанијата.

Котел

Разменувач на топлина, којшто се користи за екстракција на топлината од топлотните гасови добиени со согорувањето и нејзино пренесување до водата. Производот може да биде или топла вода или, доколку е дозволено вриење на водата, пареа.

Култури за добивање енергија од биомаса

Дефинирани се како култури специјално одгледувани и култивирани за производство на енергија, со директна конверзија во топлина и електрична енергија.

Летни котли

Мали котли со големина која ги задоволува потребите за греење во летниот период или надвор од сезоната.

Машина за сечкање

Голем уред кој ги ситни трупците, целите стебла, даските или граѓата на чипсови, со повеќе или помалку униформирана големина. Стационарни машини за сечкање се користат во пилани, додека во шуми се користат машини за сечкање, натоварени на приколки, за цели стебла.

Мелнички чипсови

Дрвени чипсови произведени во пилана. Обично произведени од даски и дрво коешто не се употребува на пазарот, од зелени дрва на коишто им е отстранета кората.

Оџак

Оџак на системот за согорување.

Пепел од дното

Пепелта што се собира под решетките на печката при согорувањето.

Сезонска ефикасност

Просечната ефикасност на системот за греење, во текот на целата грејна сезона.

Систем за директен согорување

Систем за согорување на биомаса, во којшто примарната комора за согорување се наоѓа под и е директно поврзана со комората за согорување на самиот котел.

Согорување на јаглеродот

Крајот на процесот на согорување, во којшто сиот неокомбиниран јаглерод во гасовита и цврста состојба, оксидира во јаглерод диоксид.

Спецификации за дизајнот

За механичките системи, спецификации (и цртежи) што ги направил инженерот на сопственикот за механика или дизајн. Дизајнерските спецификации стануваат дел од договорот за инсталација. Дизајнерот носи крајна одговорност за дизајнот и функционирањето на системот.

Стебло

Главниот производ добиен од шумите, стебло на дрвото - без гранки и без врвот. Се сече како материјал и за добивање на енергија.

Терциерен воздух

Воздух за согорување, како дополнување на воздухот под огнот и воздухот над огнот, којшто се инјектира во правец на движење на пламенот, за да се зголеми турбуленцијата и да помогне при согорувањето на јаглеродот.

Ќумур

Запаливи цврсти материи, богати со јаглерод, коишто се добиваат со пиролиза на дрвото, во раните фази на согорување. Ќумурот, под одредени услови, може да се конвертира во запаливи гасови или директно да гори на решетките.

Циклонски сепаратор

Уред за отстранување на честичките од гасовите, којшто создава вител, што ги дели цврстите честички од млазот на топол воздух.

Чипс од целосни дрва

Дрвени чипсови произведени во шума, со уфрлање на цели стебла или дрва во мобилната машина за правење чипс, која производот го уфрла директно во камион за испорака.

Партнери