Изградба на постројка за производство на топлинска и електрична енергија (ЦХП) од слама од соја во Белград

Во 2018 година, треба да се заврши изградбата на ЦХП единицата за употреба на слама од соја за производство на топлинска и електрична енергија, во Белград, Србија. Вкупната вредност на проектот изнесува 8 милиони евра, развиена и имплементирана од страна на Швајцарскиот Секретаријат за економски прашања (СЕКО). Градот Белград и Владата на Србија го кофинансираа проектот со 1,5 милиони евра.

Проектот вклучува изградба на ЦХП постројка на биомаса (инвестиција од 2.6 милиони евра), изградба на дистрибутивна мрежа за топлинска енергија и топла вода (инвестиција од 2.6 милиони евра) и спроведување на мерки за енергетска ефикасност во основното училиште „Олга Петров“ и болницата „Д-р Лаза Лазаревиќ“, коишто ќе бидат главни потрошувачи на топлинска енергија (инвестиција 2.6 милиони евра). Покрај загревањето на училиштето и болницата, топлината ќе биде испорачана за греење на 20.000 квадратни метри оранжерии во сопственост на Земјоделската корпорација Белград (ПКБ), којашто ќе биде главен снабдувач на огрев - слама од соја. Инсталираниот капацитет на ЦХП постројката за производство на биомаса ќе биде 4 MWth + 600 kWe.

Пилот на котелот за биомаса со таканаречено.„цигара“ согорување (челно согорување)

Проектот е проширување на пилот-проектот спроведен во 2008 година од страна на Лабораторијата за термотехника и енергетика на Институтот „Винча“ и ПКБ, во кој беше вклучено и развивање на котел со биомаса од 1,5 MW, со челно согорување, на база на слама од соја.

Партнери