Грејни тела за греење на биомаса

Технологии за системи за централно греење (ЦГ) на биомаса

Модерните системи на ЦГ на биомаса, се опремени со системи за контрола на процесот, кои го поддржуваат во целост автоматизираното функционирање на системот. Дизајнот на системот за ЦГ секогаш се базира на топлинското оптоварување на системот и изборот на технологија за производство на топлина, со комбинација на потребниот капацитет и планираниот огрев. За котлите за ЦГ на база на биомаса, постојат неколку различни технологии, со различни технички карактеристики и апликации, во зависност од капацитетот на котелот и типот и својствата на биомасата (на пример, содржина на пепел и влага).
Прочитај повеќе

Техничка стандардизација и сертификација на апарати за греење на биомаса

Регулаторната рамка за дефинирање, тестирање и следење на квалитетот на телата за греење со биомаса, не е развиена во земјите од Западен Балкан. Повеќето од постројките за греење на биомаса, коишто можат да се најдат на пазарот, не биле подложени на тестирање, дефинирано со стандардите на Евро нормата. Квалитетот на воздухот, здравјето на луѓето, заштитата на природните ресурси и развојот на одржлив пазар за греење со биомаса, бараат политики кои поттикнуваат производство и продажба на безбедни и чисти постројки за греење со биомаса.
Прочитај повеќе

Мали тела за греење со биомаса

Во Западен Балкан, производителите на тела за греење на дрво - како што се печки, мали котли, печки на дрвени пелети и на дрвени чипсови, се лоцирани главно во Босна и Херцеговина, во Хрватска, во Македонија и во Србија. Употребата на печки за дрва и мали котли на дрва, е широко распространета во сите земји во регионот, додека грејните тела за дрвени пелети и дрвени чипсови, поретко се употребуваат.
Прочитај повеќе

Партнери