ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА НАС И НАШАТА МИСИЈА

ПОЧНЕТЕ ДЕНЕС ЗА ПОДОБРО УТРЕ
За проектот „Подигнување на јавната свест за греењето на биомаса во Западен Балкан”

Во регионот на Западен Балкан, ЗБ, (вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), биомасата е далеку најважен обновлив извор на енергија за затоплување, која покрива 42% од побарувачка за топлина. Сепак, неефикасните печки, печките што протекуваат, кои создаваат високо ниво на загаденост во затворен простор, се користат во повеќе од 1,9 милиони објекти (една четвртина од вкупните изградени објекти), додека 24% од објектите користат главно несертифицирани мали печки (HOBs), коишто користат дрво како огрев. Со оглед на ова, постои јасна потреба и можност, греењето на биомаса да стане поефикасно и поодржливо, преку промовирање на современи технологии за греење со биомаса и огрев (како што се ефикасни печки, котли, дрвен чипс и дрвени пелети, наспроти нелегално огревно дрво) и постои голем потенцијал за зголемување на ефикасноста и намалување на загадувачите, штетни за здравјето. Една од главните причини за неефикасноста е тоа што огревното дрво обично се чува на краток временски период и согорува со сѐ уште висока содржина на влага. Понатаму, промовирањето на чисти и ефикасни решенија за греење со биомаса, може да придонесе за развојот на приватниот сектор (производители на печки, добавувачи, услуги за поддршка), за микрофинансирањето (финансирањето на конзументите) и за одржливоста на шумарството.
Со поддршка на Секретаријатот на Енергетската заедница, Светската банка ја заврши „Секторската студија за греење на биомаса во Западен Балкан”. Студијата имаше за цел да им помогне на земјите од ЗБ, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Поранешната Југословенска Република Македонија - да ги идентификуваат одржливите инвестициски опции и мерки, со цел зголемување на користењето на биомасата за затоплување, на одржлив начин. Проектот беше финансиран од Фондот за заеднички грантови во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ИРЗБ).
Сеопфатен патоказ за понатамошно подобрување на регулаторните и на другите рамковни услови, како и на политиката за зголемување на обемот на одржливо снабдување со биомаса и подобрување на достапноста на ефикасните технологии за греење базирани на биомаса, како и на инвестициите во тие технологии, со цел да се обезбедат насоки во политиката и краткорочно (до 2020 година), среднорочно до долгорочно финансирање (до 2030 година). Тоа вклучува збир на конкретни и меѓусебно поврзани активности, коишто ќе го олеснат отстранувањето на бариерите и ќе ги подобрат регулаторните и другите рамковни услови, како и политиките во регионот, со што ќе се овозможи поефикасна и зголемена примена на загревањето со биомаса, во регионот на ЗБ.
Зголемувањето на ефикасното греење на биомаса, ќе бара, сите овие актери да станат свесни за предизвиците и решенијата. Свеста кај засегнатите групите во ЗБ (вклучувајќи ги и, на пример, владините агенции, приватниот сектор / производителите / добавувачите, граѓанските организации активни во областа на шумарството, земјоделството и употребата на биомаса, како и крајните потрошувачи) во однос на политиката, понудата и побарувачката за конкурентни со цените, ефективни и енергетски ефикасни технологии за употреба на биомасата, како и за сличните бенефиции, е ниска, а препрека претставува и недостатокот на веродостојни извори на информации.
Регионалната побарувачка за сертифицирани уреди за греење на биомаса, ја кочи ниската свест на купувачите за придобивките од сертификацијата и ефикасноста на уредите. Исто така, на ова влијае и недостатокот на ефикасни механизми за поддршка (на пример, микрофинансирање, постпродажна поддршка, одржливо снабдување со огрев итн.), на соодветно законодавство, како и високите цени на ефикасните тела за греење. Активностите за подигнување на свеста можат да помогнат да се сфатат постоечките специфични бариери, што е често првиот чекор за нивно надминување и мобилизирање на поддршка за можни решенија.
За таа цел, со поддршка на Секретаријатот на Енергетската заедница, Светската банка го иницираше проектот „Подигнување на јавната свест за греењето на биомаса во Западен Балкан - подготовка на материјали за подигнување на свеста, планови и одржување на тркалезна маса за подигнување на свеста”, финансиран од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ИРЗБ).
Главни цели на овој проект се:
a) Да се ​​развие материјален пакет за свесноста на потрошувачите (веб-страница, печатени материјали - постери, летоци и сл.) со цел да се помогне во градењето на доверба кај потрошувачите, довербата во ефикасните тела за греење на биомаса и да се подигне свеста за нивната употреба и значајните социо-економски придобивки од таа употреба (во однос на здравјето, заштедата, животната средина, итн.), за трошоците и изворите на финансирање.

б) Да се ​​развијат информативни материјали, коишто можат да се користат за информирање и подигнување на свеста на носителите на одлуки, на ниво на политиките, и да се промовира и мотивира донесувањето на одлуки и имплементацијата на политиките. Овие материјали треба да ги охрабрат владите и донаторските партнери, да преземат активности за да промовираат пазар за одржливи и ефикасни решенија за греење на биомаса.

в) Да се ​​развијат едукативни материјали коишто можат да се користат за информации и образовни цели за невладините организации / заговарачките групи и за актерите од приватниот сектор (производителите, добавувачите и другите даватели на услуги), со цел да ги зголемат своите капацитети за ширење на придобивките од користењето на огрев од биомаса, како и за потрошувачите.

Партнери